Дневен хороскоп за петок: Еден знак треба да покаже повеќе разбирање
Лав
Обврските остануваат незавршени, останавте без самодоверба. Поминувате низ кризен период во врската. Ниту вие, ниту другата страна сака да попушти и да се подобри односот.
Девица
Упорни сте во решавањето на проблемите, но конкретни резултати нема. Ја прекинувате врската. Долго бевте незадоволни од истата и сега се одлучивте да ја завршите таа фарса.
Вага
Обврските ги завршувате во рок. Прилично сте креативни денес. Односот со партнерот е ист. Тој поминува низ кризен период поврзан со кариерата и вие тука не можете ништо конкретно да му помогнете.
Шкорпија
Обврските стагнираат и вие дури немате желба да вложите напор, бидејќи не очекувате никакви резултати. Односот со партнерот е стабилен. Многу ви значи неговата поддршка, во за вас тешките времиња.