Дневен хороскоп за понеделник: Кој ќе извојува мала победа, кој неконтролирано ќе троши?

Добивај вести на Viber

Вага

Преокупирани сте со други проблеми, така што овој ден е за вас, како и секој друг. Саканата личност се обидува да ви каже нешто важно, но вие тоа не го забележувате. Застанете на време пред да биде предоцна, за да се подобри вашиот љубовен живот.

Шкорпија

Како за почеток на неделата, ве очекува невообичаено голема деловна активност. Како денес сите да се сетија дека нешто им треба. Вашата трудољубивост и дисциплина мора да бидат на завидно ниво за да ги исполните очекувањата на претпоставените.

Стрелец

Лажното чувство на среќа и задоволство може да ве наведе да потрошите повеќе денес отколку што сте во позиција да заработите. Не го потопувајте вашиот ненадеен оптимизам во неконтролирано трошење. Поминувајте повеќе време дружејќи се со пријателите.

Јарец

На повидок е финансиска придобивка која ќе ја намали тензијата која трае веќе некое време. Немојте да ве оптоваруваат нови обврски, туку поминете ја неделата со минимални деловни активности. Одложете сè што не треба да завршите навремено.

Водолија

Набрзина носите одлука која ви нуди само привремено решение. Иако знаете дека работите не одат онака како што сте сакале, задоволни сте од моменталното решение. Идеално би било доколку одложите сè и да си дадете време уште еднаш добро да размислите.

Риба

Привршувате со многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Конечно се наѕира епилогот на нешто на што долго работевте. По долго чекање чувствувате како доаѓа мала победа, па имате право да си дозволите кратка пауза.



Претходна страна