Дневен хороскоп за понеделник: Кој ќе извојува мала победа, кој неконтролирано ќе троши?
Овен
Финансиите ве мачат. Не играјте на картата на среќата, потпирајте се само на себе. Успех ве очекува само ако работите напорно и се откажете од привилегиите во кои уживавте. Откажувањето не ви претставува проблем, особено ако верувате во повисоки цели.
Бик
Ќе ја прекинате комуникацијата со еден член од семејството и тоа ќе ви олесни. Сепак, избегнувањето на разговор не води до решение, напротив. Бегањето дополнително го продлабочува проблемот. Без разлика на непријатностите, расчистете ги работите.
Близнаци
Расположението се подобрува по средбата со пријателите кои во минатото биле дел од вашето секојдневие. Многу теми и релаксирачки разговори можат да бидат еден вид магична формула за експресно закрепнување од сето она што ве изморувало во минатото.
Рак
Се борите за некоја своја правда која само вие ја гледате. Вашата искреност не наидува на одобрување, па затоа е корисно да го задржите вашето мислење за себе. Можни се непријатни изненадувања и од најблиските луѓе, особено на љубовен план.
Лав
Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи. Доброто расположение накратко може да ви го расипе необичен телефонски повик кој не го очекувате. Вестите што ќе ги слушнете ќе бидат чудни, а не ви преостанува ништо друго освен што побрзо да заборавите на истите бидејќи не водат никаде.
Девица
Копнеете за промени во куќата. Недостатокот на средства ве спречува да направите нешто конкретно, поради што се одлучувате за мали измени кои ќе донесат нова енергија во вашата околина. Ако го вклучите и домаќинството, задоволството ќе биде колективно.