ДНЕВЕН ХОРОСКОП за понеделник: Турбулентен старт на неделата за два знаци
Овен
Договорот со некој соученик ќе ви донесе успех. На средба со саканата личност не можете да ги вклопите различните интереси. Додека вие сте сомнители, вашиот партнер е премногу воздржан.
Бик
Внимателно ги анализарате случувањата на работа и ќе откриете различни неправилности. Тоа ви дава за право да инсистирате за вистината. На средба со блиска личност ќе морате да имате доволно сила за да ја прифатите вистината за некои заеднички работи кои не ви се допаѓаат.
Близнаци
Некој ви дава јасно до знаење дека се наоѓате во поволна ситуација. Делувате самоуверено на многу средби. Бидете доволно имагинативни и партнерот почастете го со посебен љубовен третман.
Рак
Очекувате полна ситуација, но до вас се уште не стигнуваат позитивните гласови. Повремено ја губите контролата, но мора да покажете повеќе разбирање за различните интересирања кои ги имате со партнерот.
Лав
Се двоумите помеѓу две понуди, но ниту една не ви дава решение за вашите проблеми. Сочувајте ја самоконтролата. Подобро да не го провоцирате својот партнер. Работите одеднаш може да излезат од контрола.
Девица
Некој ве мани со погрешна приказна и затоа немојте да дозволите тоа негативно да се одрази на вашата концентрација. Ви недоставува емотивна поддршка. Потиснете ја суетата и покажете ги своите искрени чувства пред блиската личност.
Вага
Успехот во вашите преговори зависи од нечие влијание. Можно е да забележите љубомора кај вашите колеги. Избегнувањето на отворениот дијалог со блиска личност претставува знак на емотивна слабост.
Шкорпија
Делувате вознемирено. Немојте да дозволите некој да ве прелаже со претерано ласкање. Емотивната авантура може да има и своја цена.
Стрелец
Доколку не ви се допаѓа нечие однесување, пробајте да се контролирате. Избегнувајте ривалски односи со партнерот. Криењето на вистината пред блиска личност предизвикува само нови емотивни сомнежи.
Јарец
Делувате незаинтересирано за одредени теми пред вашите колеги. Понекогаш умеете да претерате со својот излив на емоции. Немојте да давате големи ветувања.
Водолија
Доколку постојат отежнувачки околности на работа, немојте упорно да инсистирате со своите намери. Непотребно инсистирате на личното докажување и своите потреби пред саканата личност.
Риби
Нова непријатност или кавга ќе имате со некој колега. Во емотивните односи немојте да потценувате нечија улога или да ги преценувате личните можности. Партнерот не покажува големо интересирање за вашите планови.