Дневен хороскоп за вторник: Ново познанство за неколку знаци

Добивај вести на Viber

Стрелец

Малку се залетавте кога се обврските во прашање. Не сте објективни и поради тоа некои планови не се реализираат. Партнерот има разбирање за вас и вашите планови и во ниту еден момент не се чувствува занемарено.

Јарец

Одличен ден за решавање на проблеми. Во потполност сте посветени на партнерот. Го идеализирате и не забележувате дека има проблеми.

Водолија

Одличен ден за патување. Ви следува запознавање со нова личност. По првиот разговор ќе ви стане јасно дека е вистинската личност за врска.

Риби

Вашиот однос кон обврските е крајно прагматичен. Добро сте организирани, вредни и имате јасни цели. Ве очекува ново познанство. Се обидувате да најдете маана на другата страна, но не успевате. Ви делува совршено.



Претходна страна