,

До овде ли стигнавме: Родители во Гостивар одбиваат девојче со Даунов синдром да учи со нивните деца

Стигмата, предрасудите и предизвиците со кои се соочува Ембла, во градот на неправдите и апсурдноста, вчера ја потресе македонската јавност кога телевизија Клан ја објави нејзината приказна.

Ембла од Гостивар е девојче со Даунов синдром. Таа учи во ОУ „Башкими“ - Гостивар, но нејзините соученици и нивните родители не сакаат да биде во истиот клас со нејзините врсници. 

Таа за разлика од сите ученици, второто полугодие го започна вчера, бидејќи родителите ја бојкотирале наставата, одбивајќи да учи со нивните деца под изговор дека девојчето е агресивно.

Најлошо од се' е што девојчето било принудувано само да следи настава во посебна просторија, одделена од сите ученици.

- Денеска почна второто полугодие за сите деца и соученици на ќерка ми Ембла, само нашата Ембла не уживаше во овој ден затоа што некој го прекина ова чувство... додека сите уживаат во тоа што за нивните деца започна второто полугодие од училишната година, ние како родители на Ембла мислиме кога ќе започне второто полугодие за Ембла откако беше бојкотирана во првото полугодие од родителите (мајките) на соучениците на Ембла - напиша на 1-ви февруари таткото на девојчето.

Видеото кое вчера го објави Клан телевизија: