Метеорологот Славчо Попоски вели дека до недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурите наутро ќе бидат многу пониски за разлика од изминатите утрини и тие ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 19 степени, во Скопје до околу 15 степени, максималните температури пак особено за време на викендот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, во Скопје до околу 32 степени.