Здравје // Совети
ДОБИЛЕ ВОСПАЛЕНИЕ НА МОЗОКОТ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА - две деца и постар маж од Македонија завршиле во болница
Институтот за јавно здравје го објави Билтенот за движењето на акутните заразни заболувања во земјава за август годинава.
Во него, меѓу другото, се наведува дека имало и три случаи на западнонилска треска, од која заболените добиле воспаление на мозокот, односно енцефалитис.
Ова заболување го добиле две деца, од кои едно единаесетгодишно момче од селото Враниште, струшко, како и осумгодишно девојче од Струмица. Додека, пак, 69 годишниот човек е од скопското село Стајковци.