Добредојде дома принцезо: Први фотки со Катја, Катарина изгледа одлично само 4 дена по породувањето
Пред четири дена, на свет пристигна принцезата на пејачката Катарина Грујиќ и нејзиниот партнер, фудбалерот Марко Гобељиќ - кои за прв пат станаа родители.
Принцезата на мама и тато го доби името Катја, а сега, откако беа пуштени од болница, пејачката сподели фотографија до нивниот дом, украсен со мноогу балони како изненадување за добредојде на Катја и мама Кача.
Пејачката и Катја излегоа од породилиштето на Свети Никола, а ги пречека фудбалерот и горд тато Марко Гобељиќ кој и прв објави фотка од Катја.
-Јас сум најсреќна на светот, ова чувство не се опишува со зборови. Сакам да имам четири деца! Би сакала да имам големо семејство - изјавила Катарина и додала дека таа и нејзиниот сопруг не можеле да ги контролираат емоциите кога првпат го виделе бебето:
- Марко веднаш почна да плаче кога ја виде Катја. Ова се неверојатни емоции, кои ми беа непознати до пред четири дена, кога ја родив Катја. После три часа само ја гледам, не ми се верува дека е моја, па солзи ми доаѓаат... Уште не можеме да „провалиме“ на кого личи. Се надевам дека личи на мене, но има сини очи на Марко.
Не се плашам од ништо, едвај чекам да се вратам дома. Најголем дел од времето ќе го поминувам со бебето, тука е и свекрвата, мајка ми, Марко. Марко заплака, тоа се емоции кои не се опишуваат - изјавила Кача, пренесува Курир.
Сега пејачката сподели фотографија на својот Инстаграм профил како во прегратка ја држи својата наследничка во прекрасен амбиент. Околу нив има многу розови балони со златни нијанси. Катарина носи зелен фустан кој одлично ѝ прилега.
Под нејзината фотографија има коментари на нејзини колеги кои остават емотивни зборови.
„Добредојде дома, наша принцезо“, напиша Катарина Грујиќ под фотографијата.
извор:GLOSSYфото:instagram