Добри вести: После долго време во Скопје само 7 позитивни, вкупно 39 новозаразени со Ковид-19

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-7, Куманово-3, Прилеп-8, Тетово-2, Струга-2, Гостивар-11, Гевгелија-2, Кочани-2, Кратово-1, Свети Николе-1. 
Починати се 4 лица во болнички услови, двајца  пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-6, Штип-21, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Виница-2, Кичево-4.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14330,  бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668.