ДОБРИОТ СОН Е ВАЖЕН ЗА БРАКОТ: Сопрузи, внимавајте на ова!

Добивај вести на Viber

Мажи, внимание! Ако на вашата сопруга и е тешко да заспие, вашиот однос може и тоа како да се расипе.

Утврдено е дека жените кои имаат тешкотии со спиењето следниот ден имаат повеќе „негативни интеракции“ со својот партнер, а многу помалку од позитивните, а нивните сопрузи имаат слична реакција ден откако нивните сопруги имаат проблематична ноќ.

-Сонот е многу важен за секоја жена. Доколку таа лошо спие, тоа многу лошо влијае на нејзиното расположение, и на комуникацијата со сопругот, бидејќи обично се разбудува нервозна и уморна. За разлика од нив, несоницата кај мажите речиси и да не го загрозува нивното расположение.

Затоа, драги сопрузи, доколку вашата сопруга во последните денови е понервозна од обично, оставете ја добро да се наспие.