Дочекајте го летото со добри книги и со уникатни брендирани производи од „Литература.мк“!

Добивај вести на Viber

Во очекување на официјалниот почеток на летото започнуваме нова продажна акција, што ќе трае од 9 до 20 јуни. Сѐ со цел да им помогнеме на нашите потрошувачи да се подготват за годишните одмори и за летниот распуст, нудиме специјални попусти до 70 отсто на голем избор на книги, како и на уникатни производи за патување и рекреација од избрани брендови, застапени во нашите книжарници.

КЛИКНИ ОВДЕ И ВИДИ ГО ЦЕЛИОТ КАТАЛОГ


Дел од книгите за возрасни што ќе можат да се најдат на попуст се: „Лето како во ’Мама миа‘“ од Ени Робертсон, „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд, „Младиот Кастро“ од Џонатан М. Хансен, „Мала книга за хиге“ од Мајк Викинг и многу други.
Со оваа акција сакаме да ги направиме подостапни книгите за деца на почетокот на летниот распуст. Во периодот од 9 до 20 јуни ќе има десет отсто попуст на сите лектири и читанки од едицијата „Лесно читливи лектири“. Со ова ја продолжуваме нашата мисија за поттикнување на читачките навики кај најмладите.

За сите љубители на летните авантури и патувања во сопствена режија, во акцијата се вклучени: интерактивни коцки од „V-CUBE“, шишиња за вода од „SIGG“, швајцарски нож од „Victorinox“ и хамок-лежалки од „Ticket to the Moon“.

Сите што сакаат да го поминат ова лето со стил, во „Литература.мк“ има селектирана понуда на модерни куфери од „BG Berlin“, уникатни шишиња за вода и кутија за храна од „Baci Milano“, дизајнирани шишиња од „Egan Italy“, како и ладала од „Fridolin“.

Оние што планираат да го поминат ова лето во добро друштво и со добра забава можат да изберат некој од производите на „Abysse Corp“ со натписи и илустрации од омилените суперхерои од „Марвел“, но и од анимираниот филм „Замрзнато“ и серијата „Игра на троновите“. За најмладите тука се и производите од „CERDÁ“ со ликовите од „LOL Surprise“, како и тротинетите од „Micro Mobility“.

Дополнително, за секоја сметка над 1.500 денари направена во книжарниците „Литература.мк“ ќе следува подарок – торба.

Сите производи се достапни во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Дел од производите се достапни во преостанатите книжарници на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола.

За онлајн-нарачка на www.literatura.mk важат само попустите на книгите. 

ПР објава