Додека едни се соблекуваа, други симулираа секс, трети покажаа со што располагаат: Како помина првото полуфинале на Евровизија 2023 ?!

Добивај вести на Viber

Заврши првата полуфинална вечер на гламурозната „Песна на Евровизија 2023“ која оваа година се одржува во британскиот град Ливерпул по 67-ми пат. Како и секоја година, така и оваа, не изостануваа оние кои сакајќи да бидат посебни и забележани ги надминаа границите на пристојноста.

Први на листата на невкусот се најдоа претставнците на Хрватска.

Виснатите гаќи на овогодинешните претставници не беа најдобриот избор за стајлинг, особено што овој настан го следат и деца. Додека некои беа згрозени од глетката, други велеа дека се навистина кул. Како и да е, хрватите си обезбедија место во финалната вечер.


Втори на листата беа Финците.

Покрај интересниот стајлинг и енергичноста на сцена, она што предизвика бројни негативни рекации беше кореографијата која содржеше бројни симулации на секс. 

 

Посебен впечаток остави Лорин од Шведска.

Пејачката во скромен  стајлинг, со големи канџи и необичен танц ја истакна својата дива страна. Многумина веќе ја вброија помеѓу фаворитите на оваа Евровизија.

Необична кореографија и сценографија имаше Лук Блек од Србија. Покрај настапот она што стие го забележија е црната панделка со која искажа почит кон жртвите во Белград кои неодамна трагично ги загубија животите.

Ианку, на првата полуфинална вечер настапија настапија 15 земји учеснички, 10 од нив влегоа во финалето што ќе се одржи на 13 мај, а тоа се Хрватска, Финска, Шведска, Србија, Швајцарија, Норвешка, Португалија, Молдавија, Израел и Чешка.


Фото: Youtube/screenshot