Додека се грижеше за неговата болна ќерка се вљуби во него: Единствено е важно што се сакаме

Фото: Инстаграм/Lauren Goodrich

- Луѓето се љубопитни и им е непријатно кога за прв пат ќе се сретнат со нас - вели оваа млада девојка

Лорен Годрич (27) и Арон Кембел (53) се запознале кога таа имала 20 години и дошла да ги чуваа децата на Арон како медицинска сестра. Главната причина што ја вработил е неговата тешко болна ќерка Тори, која во тоа време имала 17 години.

Имено, Тори страдала од ретко и неизлечиво нарушување, метохроматска леукодистрофија. Што значи дека нејзините ментални и мускулни функции полека пропаѓаа една по една. 

За жал, таа почина во 2014 година и по 6 месеци од смртта на нејзината ќерка, Арон започна врска со Лорен. 

Иако врската на почетокот не била романтична, бидејќи Арон биложенет, а Лорен била свршена, овој пар сепак се изборил за својата љубов.

Инаку, Арон, нејзиниот партнер е само четири години постар од нејзиниот татко.

- По една и пол година, татко ми се помири со мене дека излегувам со постар човек. Поддршката на семејството е многу важна за мене - забележува оваа девојка.

Според парот, тие најмногу се плашеле од осудата на семејството на Арон и долго време ја криеле својата љубовна врска.

„Беше прилично стресно бидејќи се обидувавме сè да остане во тајност“, рекоа Арон и Лорен. 

- Ја разбирам реакцијата на нејзиниот татко, бидејќи не би бил среќен ако мојата ќерка се забавуваше со постар човек - искрен е Арон.

По некое време, нивните семејства немаа друг избор освен да ја прифатат нивната врска и да ги поддржат.

Сепак, како што наведуваат, околината има поделено мислење за нивната љубовна врска.

- Луѓето се природно љубопитни и непријатни кога ќе се сретнат со нас за прв пат. Повеќето мислат дека Лорен е моја ќерка или дека е со мене само поради пари и понекогаш ги повредуваат моите чувства - вели Арон.

Лорен, пак, не ја трогнуваат туѓите коментари, бидејќи, како што вели, ја знае вистинската и единствена вистина за нивната љубов.

- Луѓето секогаш ќе коментираат негативно, но единствено што ми е важно е дека се сакаме - заклучи оваа девојка.


Можеби ќе ве интересира:

Кристина се омажила за 33 години постар милионер, имаат 21 билолошко дете и 16 дадилки: Ова е нивната приказна