Додека снимала филм, нејзиниот вереник се оженил: Актерката од медиумите дознала дека Били Боб Торнтон ја оставил на друга

Добивај вести на Viber

Пред познатиот љубовен триаголник со Бред Пит и Џенифер Анистон, кој го следеше целиот свет, Анџелина Џоли беше „виновникот“ за раскинувањето на уште еден холивудски пар, aктерите Били Боб Торнтон и Лора Дерн.

Били и Лора се запознале на снимањето на сетот на Елен Деџенерис „Елен“ во 1997 година. Набрзо се вљубиле и почнале да излегуваат. Тие беа заедно три години, а Лаура требаше да стане петта сопруга на Били, но нивната врска одеднаш се распадна.

Имено, Били Боб Торнтон и Лора Дерн живееја заедно, а во 1999 година и двајцата добија улоги во различни филмови.

Замина на снимање и се ожени

Актерот отишол да го снима филмот „Pushing Tin“ во кој требало да глуми со Анџелина, а на сосема друго снимањето отишла и неговата партнерка Лора која немала ни малку сомнеж дека тој ќе започне врска со Анџелина.

Во мај 2000 година, Торнтон и Џоли го шокираа светот со нивната венчавка во Лас Вегас, носејќи ампули со крв еден од друг, околу вратот.

Бројни списанија и таблоиди ја следеа шокантната венчавка, но никој не беше поизненаден од Лора, која дознала за новата романса на својот вереник со Џоли, додека читала вести.

- Излегов од нашиот дом за да снимам филм, а додека бев отсутна, мојот вереник се оженил и никогаш повеќе не се слушнавме - изјавила Лаура во интервју за магазинот Talk.

- Тоа е како ненадејна смрт. Затоа што немаше разделба или разговор, немаше ништо - продолжи таа.

Во 2016 година, музичарката Мелиса Етериџ сподели некои детали за раскинувањето на Лаура и Били.

- Бев наоколу кога Анџелина не правеше убави работи со Били Боб, рече таа.

 - И помогнав на Лори да се исели од нејзината куќа во која живееше со Били Боб - откри таа за странските медиуми.

Јавно извинување

Една година откако ја остави без зборови, Били ѝ упати слабо извинување на актерката во интервју за Гардијан.

- Другите можат да кажат - си ја оставил девојката и се оженил со друга, но јас бев среќен. Жал ми е што и предизвикав болка, рече тој.

Боб продолжи, велејќи дека знаел дека „зезнал многу работи“ додека бил во различни врски, но не чувствувал дека треба да оди на брачно советување бидејќи не сакал.

Она што е шокантно е дека и двете актерки се деца на холивудски ѕвезди, а таткото на Анџелина е ветеранот Џон Војт. Во еден момент во 1978 година, дури Лора ја чувала Анџелина Џоли.

Џон Војт е мој пријател, па се сеќавам дека Лаура ја чуваше Анџелина една вечер кога имаше две години, а Лаура околу осум... затоа што Џон и јас работевме на филмот „Враќање дома“ - рече таткото на Лора, Брус во една прилика.

Бракот на Били и Анџелина не траеше долго

 Анџелина и Били Боб  беа во брак од 2000 до 2003 година.

- Тоа време беше едно прекрасно поминато време. Енџи е сè уште моја пријателка, таа е одлична личност, направи толку многу за нас, рече тој.



Фото:Sreenshot/youtube