Доделени Билборд музичките награди 2022: Некоја чудна мода, што се случи со гламурот? (ФОТО)
Фото: Profimedia
Лас Вегас синоќа блесна во знакот на Билборд музичките награди за 2022 година.
Двeте двојки кои привлекоа најголемо внимание: Меган Фокс и Машинган Кели, како и Тревис Скот и Кајли Џенер.
Меган Фокс беше совршена придружба на својот свршеник, музичарот кој носеше црна креација со боцки и дијаманти, додека Меган се пофали до него во црн, тесен и крајно провокативен фустан. Меган за оваа прилика имаше и шишки кои целосно го трансформираа нејзиниот изглед.
Кајли Џенер по породувањето полека се враќа во центарот на вниманието. Овој пат како придружба и поддршка на својот партнер Тревис Скот кој за прв пат се појави по трагедијата што се случи на неговиот концерт каде загинаа осум лица. Кајли Џенер облече фустан од „Balman“ кој ги покажа сите нејзини облини.
Големиот победник на вечерта беше Дожа Кат, која доминираше на црвениот тепих во раскошен фустан од „Skyparell“ кој не ги покриваше нејзините гради.
Погледнете како изгледаа останатите учесници на овој престижен музички настан.
Хајди Клум
Флоренс Велч
Тејана Тејлор
„City girls“