„Дојде време да се мажам“: Цеца блесна во бело, предизвика големо внимание- сите коментираат еден детаљ
„Дојде време да се мажам“: Цеца блесна во бело, предизвика големо внимание со видеото - сите ги коментираат високите потпетици
Цеца Ражнатовиќ привлекува големо внимание со своите објави на Тик Ток, а едно видео насмеа многумина.
Имено, Цеца неодамна одржа концерт во Бугарија, таа вечер блесна во блескав, бел фустан.
Најголемата балканска ѕвезда ја комплетираше комбинацијата со омилените чевли на високи потпетици кои ги доби од ќерката Анастасија.
- Сега Стефан ќе биде воодушевен. Та на на на. Види колку се убави, ти си бре човек без вкус - рече Цеца и извади чевли од чантата.
- Воопшто не ми е смешно. Мислам дека дојде време... - рече нејзиниот фризер, а Цеца го прекина.
- Да се омажам! - рече таа низ смеа.
- Во тие чевли? Во нив сигурно нема – додаде тој.
- Не случајно штом тлку многу ги сака, од каде знаеш... - додаде непознат машки глас.
- Па, Анастасија ми ги купи, и удобни се - објаснува Цеца.
- Кои чевли ќе ги облечеш за на Ушче? Истите или? - се пошегува еден човек од нејзиниот тим, на што таа рече.
- Па, ове, се разбира. Само ќе купам нови! - рече Цеца низ насмевка.
„Секој од нас сака да задржи одреден дел од приватноста за себе“
@cecaraznatovicoff Moje omiljene, najudobnije cipele @stevansrules kao i uvek, oduševljen! #ceca #cecaraznatovic #fyp #viral #balkan #4you #serbia original sound - CECA
Инаку, Цеца неодамна истакна дека засега нема посилна половина или се уште не е подготвена да го претстави својот „избраник“ во јавноста, па кога е во прашање нејзиниот љубовен статус во јавноста, не секогаш ја кажува вистината во јавноста.
- Без разлика дали има додворувачи или нема, јас сигурно нема да ја кажам вистината пред камера (се смее). Секој од нас сака да задржи одреден дел од приватноста за себе. Сите сме луѓе и сакаме исти работи, да имаме дел од нашата приватност што ја чуваме за себе и што ја споделуваме само со таа личност за која се грижиме, или со пријателите, или семејството... – изјави Цеца и додаде:
- Не е се за лајкови, за споделување, не е се за - сакам да бидам важен и во медиумите, не мора да значи дека ако се согласуваш со сите, ти си среќен, а јас сакам да бидам среќна , и тоа оди низ рака.
Фото: Принтскрин/ Тик токИзвор: Blic.rs