Доказ дека големиот стил го прават малите нешта: Ѓоковиќ изгуби, но Јелена ја одбрани модната репутација на трибините на Ролан Гарос
Јелена Ѓоковиќ на трибините на Ролан Гарос ја одбрани модната репутација, а покрај неа е жената од која ги научи тајните на стилот.
Новак Ѓоковиќ за жал загуби од Рафаел Надал синоќа во четвртфиналето на Ролан Гарос во Париз. Во неговата битка за трофејот Ролан Гарос, го бодреше сопругата Јелена Ѓоковиќ во својот препознатлив начин и во одличен стил. На фотографиите од Париз гледаме дека сопругата на тенискиот ас ја одбранила својата модна репутација, а покрај неа е жената од која секако дознала за тајните на добриот вкус во облекувањето.
Јелена низ годините е доследна на класични и минимални комбинации и не се откажува од нив дури и кога е мета на лоши коментари.
Таа уште еднаш покажа дека и едноставна комбинација може да изгледа феноменално и уште еднаш објасни како треба да се облекува добро стилизирана жена.За оваа пригода избра панталони во А линија и класична бела маичка. Целиот стајлинг го заокружи со интересен модел на очила.
Во одбрана на големата модна репутација на Јелена Ѓоковиќ, модните детали особено помогнаа како уште еден доказ дека големиот стил го прават малите нешта. А младешката фризура даде посебна нота на целокупниот изглед.
Јелена носеше и фантастични парчиња накит - оригинални обетки и едноставна и ефективна нараквица која одлично се вклопува со летната комбинација во која особено ги истакнуваме лесните и елегантни панталони - практично и модерно парче облека.
Доколку барате модно издание за лето во кое ќе се чувствувате удобно, а во исто време ќе покажете колку стил имате, ова на Јелена е одличен избор.
Со госпоѓата Ѓоковиќ на трибините на Ролан Гарос во Париз беше и нејзината мајка Вера Ристиќ, која често го бодри познатиот зет на тениските натпревари. Мајката на Јелена - која сме ја виделе многу пати, исто така ја краси одличен стил и чувство за елеганција.
извор:zena.blic / stil.kurirфото:Profimedia