Доктор Докиќ објасни зошто во Македонија имаме висока смртноста од коронавирусот

Добивај вести на Viber

Доктор Дејан Докиќ, во  дневникот на ТВ Сител, објави зошто кај нас имаме толку голема смртност поради тешки компликации oд коронавирусот. 

За британскиот сој на коронавирусот вели дека е многу агресивен, 

„Тој на пример, кај пациентите што се заразени во поголема количина се наоѓа во секретот кога киваат во околината, а од друга страна потребна е помала количина да дојде кај здрав човек, за да го зарази. Значи тоа се особините, а некои од луѓето имаат поголема способност да го излажат имунолошкиот систем. Исто така фактор е и одбранбениот систем, кој е како една армија што се бори против надворешните непријатели кај секој организам. Како што некаде имате силни армии во земјите, во други држави имате слаби армии и исто е и со организмите. Возраста е исто така отежнувачки фактор, како и коморбидитетите. Овде сакам да потенцирам дека смртноста во ковид-центрите на интерните клиники е 25 проценти и тука зборуваме за хоспитални установи. Во европски рамки тоа значи од 22 до 30 отсто, што значи дека сме негде во средина во однос на другите земји“, изјави Докиќ.

Повеќе детали, читајте на Фактор, тука.