ДОНАЛД ТРАМП СПОДЕЛИ СО СВЕТОТ КОЛКУ ЈА САКА МЕЛАНИЈА: „Да не беше таа, јас немаше да бидам човекот кој сум денес“
Сите сме запознаени со неговите изјави кои секојдневно креваат прашина, но вчера, претседателот на САД ја покажа својата друга страна, па ги замоли луѓето кои го поддржуваат да се потпишат на честитката која тој jа напишал. Честитката се наоѓа на сајт. Трамп на време го смислил овој гест, со оглед на фактот дека на Меланија и е роденден на 26 април. Првата дама на САД ќе полни 48 години.
Честитката гласи:
-Ве молам да ми се придружите во честитката каде сакам да и го честитам роденденот на нашата ПРВА ДАМА и моја ПРЕКРАСНА, нежна и неверојатна сопруга , Меланија Трамп.
-Меланија е моја карпа и поддршка, и јас не би бил човек каков сум денес да ја немам нејзе покрај себе. Таа е темел на нашето семејство и неверојатна мајка на нашиот син Барон. Толку сум горд на нејзините достигнувања и се надевам дека и вие ќе и посакате добро за нејзиниот посебен ден.
Меилот содржел и неколку линкови кои водат на вебсајтот каде се наоѓа честитката и каде секој може да се запише и да и го честита роденденот на првата дама.
Овој потег на Доналд Трамп сигурно има врска и со тоа што вчера Сторми Денијелс повторно се појави на телевизија и зборувала за човекот кој претходно и се заканувал ако ги открие деталите на својата врска со претседателот на Америка.
Од друга страна, Меланија Трамп вчера го посети меморијалниот центар на настраданите војници во Вашингтон.
Таа се појавила во интересен светло розев капут со миди должина. Капутот во нежна боја го искомбинирала со светло жолт фустан под колената и нешто посилни жолти стилето чевли.