Донаторска акција „Нахрани 10.000“
Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на Здружението „Сите сити“ во соработка со Црвен Крст на Република Македонија е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани. Целта е на граѓаните да им се даде можност да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.
Хуманитарниот чин се случува денес на 16-ти април по повод „Неделата на солидарноста“ и ќе започне во 10 часот и ќе трае до 18 часот. Акциите ќе се случуваат на 29 локации во 10 града во Македонија и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија.
Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.