ДОНИРАЈТЕ ЗА НОВИНАРОТ ДРАГАН РИСТОВ: Се лекува од компликации на Ковид-19

Поради компликации од корона вирусот, новинарот Драган Ристов од Штип е хоспитализиран во приватната клиника Жан Митрев, за што неговите најблиски упатија апел до хуманите луѓе за финасиска помош за лекувањето и медицинскиот третман.

– Семејството Ристови, со своите просечни месечни примања не е во можност самостојно во целост да ги обезбеди сите средства за ова лекување. Поради ова ви се обраќаме со молба за финансиска помош, наведуваат тие.

Хуманите граѓани може да донираат 100 денари на мобилен телефон на Телеком 070 143 130, како и на сметка за донации 300087019209480 Комерцијална банка на име на неговиот брат Ангелко Ристов. Телефонски број за контакт 070 670 501.

Ристов има 47 години, татко е на две деца, долгогодишен новинар, сликар и советник за односи со јавност во Општина Штип. На македонската јавност и е познат по тоа што секоја година е одговорен и за прес конференциите на Фестивалот за забавна музика „Макфест”