Дотерана изгледа како милион долари: Поради видео „без шминка“ ја обвинија дека е лажга (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Џулија Грандони на „TikTok“ покажа како изгледа без шминка и поради тоа доби многу навреди

24-годишната девојка прво на следбениците на споменатата социјална мрежа им се претстави тип-топ средена во елегантен фустан, со совршена фризура и шминка, а собра и голем број комплименти.

Меѓутоа, кога објави видео на кое може да се види во опуштено издание, коментарите драстично се променија, а многумина ја нарекоа измамничка.


Сепак, најмногу ја погоди тоа што многу медиуми кои пишуваа за нејзината трансформација ги згрешија нејзините години и шпекулираа дека таа има триесет години, иако има само 24 години.

Таа беше шокирана и од фактот што луѓето не се свесни за промените што може да ги направи шминката и облеката во однос на секојдневното лежерно издание дома, а потсети дека повеќето луѓе имаат подбрадок во лежечка положба, што беше и мета на навредливи коментари.


Што вие мислите за трансформацијата на Џулија?

Извор: zena.blic.rs