Доволни ни се оние мали работи, оние кои се од срце и без цена

Често ме заболува мислата дека нема да стигнам доволно да ги сакам своите деца, сопруг. Дека пребрзо растат, дека често премногу сум уморна а тие мали и со свои барања, дека драгоцените моменти ни бегаат нечувствително. Веќе сега жалам за секој момент кој не успеав да го почувствувам во сржта на своето битие, кој го пуштив да ми избега. Кога паднаа а јас не ги утешив, бакнав да помине, кога викав и бев отсутна, нервозна поради неред и непослушност, што очекував повеќе а давав помалку.

Затоа себе си ветив дека ќе се трудам секој нов ден за нас да биде оној во кој ќе им кажам дека ги сакам, во кој ќе знам дека тие мене ме сакаат, во кој ќе ја почувствуваме неисцрпната љубов која како семејство ја имаме едни за други.

Доволни ни се мали работи, оние кои се од срце и без цена. Бакнежи, прегратки, заеднички моменти и чувство на припадност. Тогаш се создава магија. Тоа е она чувство на хармонија кое го носиме со себе секој момент и кога не сме заедно и кога понекогаш ни е тешко. Тоа е чувство од кое црпиме сила, кое е извор на нашите животи. Тој ни дава смисла и оној сјај во очи кога сме вистински среќни. Чувство дека семејството е извор и на нас самите. Дом од кој потекнуваме и кон кој тежнееме.

Сакам да има што помалку моменти кога не сум свесна на своето богатство и дека животот, како и на сите, се повеќе ми е исполнет со мудрост и благодарност за даденото. Семејството, оние мали рачички кои така силно гушкаат нашите уморни плеќи, се сосема доволни за вистинска среќа.