Дознал дека е во врска со 15 години помлад маж: Поранешната сопруга го остави познатиот актер за стјуардот - на 44 години го роди петтото дете

Добивај вести на Viber

Актерот Бранислав Лечиќ зад себе има два брака.

Пред да се ожени со водителката Нина Радуловиќ, со која го доби синот Лео, актерот Бранислав Лечиќ 13 години беше во брак со својата прва сопруга Ивана Вујадиновиќ.

Од брако ги имаат двете деца, синот Иван и ќерката Ана, која тргна по стапките на нејзиниот татко и исто така е актерка.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Lecic (@analecic5)


Како што некогаш се шпекулираше, разводот на Лечиќ и Ивана во 2007 година го следеше скандал - актерот наводно дознал дека сопругата го изневерува со 15 години помлад стјуард. Оваа приказна веднаш го обиколи регионот, но тие никогаш не сакаа да го коментираат разводот.

Една година по разводот со Ивана, Бранислав ја запознал Нина Радуловиќ, а неговата поранешна сопруга се омажила за деценија и пол помлад маж, со кој добила три ќерки.

Таа на 44 години го роди своето петто дете, а нејзината постара ќерка Ана тогаш ја сподели радосната вест со јавноста.

Бранислав Лечиќ е познат по љубовните врски со помлади жени - Ивана е 18 години помлада од него, а Нина дури 31 година.

Повеќе фотографии од поранешната сопруга на Лечиќ, Ивана Вујадиновиќ, погледнете во галеријата подолу.

Извор: lepaisrecna.mondo.rs