Др. Александра Јанчевска со препораки за заштита на лицата со дијабет

Добивај вести на Viber

Менталното здравје и стресот влијаат на контролата на шеќерот во крвта. Се наоѓаме во услови н социјална изолација, кога одржувањето на доброто ментлно здравје и справувањето со стресот, се многу важни во добрата контрола на дијабетесот. Дечиња, адолесценти и возрасни пациенти, знам дека тешко ја прифаќате оваа ситуација. За да влијаете подобро во својата контрола на дијабетисот, најтопло ви препорачувам, разговарајте, искажете ги своите чувства...

Овој и други корисни совети дава доцент д-р. Александра Јанчевска од ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, во видеото снимено за препораки за дијабетичарите во услови на корона кризата. 

Погледнете го видеото.


Една од поризичните групи изложени на коронавирусот КОВИД-19 се пациентите со дијабет. 

Здружението на дијабетичари има снимено неколку видеа со доктори од ендокринологија, со препораки за сите пациенти со дијабет.

Голем број од овие лица сериозно стравуваат од овој вирус, па затоа лекарите за нив даваат поголем број препораки.

Женски магазин ќе пренесе дел од видеата, со цел лицата болни од дијабет да дојдат до правилни препораки и подобро да се заштитат себе си од коронавирусот.