Др. Несторовиќ тврди: Кој го пие овој витамин, на него не застанува комарец
Докторот Бранимир Несторовиќ советува како да се заштитите
себеси и вашите најблиски од досадните
комарци на сосема природен начин.
„Постојат едноставни, природни начини да се одбијат комарците, како што е употребата на витамин Б комплекс, особено витамин Б1, кој има мирис што ги одбива женските комарци - оние што касаат.
„Кога го пиеме овој витамин, комарците бегаат затоа што мирисот на пот им е непријатен, а слично дејство има и лукот“, тврди Несторовиќ за „Линк ТВ“.
Несторовиќ исто така ги спомна корпивите, според него ова растение има особен ефект во одбивањето на инсектите.
„Копривите убиваат сè што постои. Наберете коприви и ставате ги во фрижидер 5 дена во вода, потоа со таа вода испрскајте ја куќата/домот и ќе видите дека инсектите ќе исчезнат за неколку часа“, тврди тој.
Старите растенија како копривата со текот на времето развија одбранбени системи кои ги штитат од вируси, бактерии, габи и други растенија, па затоа се ефикасни.
Доколку се појави убод, чешањето е еден од најголемите проблеми, а како решение Несторовиќ предлага друг стар рецепт - еозин.
„Еозинот помага, црвена боја што се нанесува го намалува чешањето и спречува инфекција. Но, ако се направат плускавци и красти, тогаш не вреди, и на ред е новиот стар лек - цинк оксид - маст што ја нарекуваме маст од цинк и која може да се нанесува неколку пати на ден, бидејќи има антисептично и антиалергиско дејство“, објаснува Несторовиќ.
Фото: Youtube/screenshoot/Jutarnji Program TV HAPPY
Можеби ќе ве интересира:
Родителите се подготвуваат да одат на море како за експедиција на Северниот пол: Д-р Несторовиќ