Другото лице на Георгина Родригез: Злобна е, нè напушти кога го запозна Роналдо, вели нејзиното семејство

Вујкото на  Георгина Родригез ја обвини дека е злобна личност бидејќи го напуштила семејството откако го запознала Кристијано Роналдо, а дури и нејзината полусестра нема убави зборови за неа

Оваа недела на Нетфликс започнува док-реалити шоуто „Јас сум Георгина“, во кое Родригез ќе раскаже се‘ за нејзиниот живот од соништата со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Одмор на јахти, летови со приватен авион и скапа дизајнерска облека, овие луксузни работи денес се дел од секојдневието на оваа поранешна продавачка која, како што вели во реалното шоу, знае како е да се живее во сиромаштија, но и како е да се има се‘.

Таа исто така истакнува дека никогаш нема да го заборави своето семејство и од каде потекнува откако влезе во нејзиниот живот португалскиот фудбалски ас, но се чини дека веќе заборавила.


Вујкото на Георгина, Хесус Хернендез, кој вели дека ѝ помогнал во воспитувањето кога нејзиниот татко завршил во затвор, тврди дека таа го напуштила семејството и ја смета за злобна личност.

„Можеби таа се срами од нас и мисли дека е подобра од нас, бидејќи не живееме во луксуз како неа. Никогаш не сум барал ништо од неа. Ни се јави само еднаш или двапати откако дознав дека е во врска со Роналдо “, изјави вујкото на Георгина за „The Sun“.

Ниту нејзината полусестра Патриција Родригез нема најдобро мислење за неа.

„Кога син ми го прославуваше роденденот, ја прашав дали Кристијано може да се потпише на неговиот дрес, а таа ми рече дека не може затоа што не сака да му пречи додека е на одмор“, изјави полусетсрата на Георгина.

Се дозна и дека дедото на Георгина починал пред три години без воопшто да има можност да ја запознае својата правнука Алан Мартин.


Георгина немала лесно детство. Таа пораснала во Јака, град во североисточна Шпанија. Нејзината мајка е Шпанка, а го запознала татко ѝ на Џорџина кога тој се преселил во земјата. Еден ден пред петтиот роденден, нејзиниот татко бил уапсен поради шверц на кокаин од Шпанија во вредност од повеќе од 100.000 фунти.

Таа станала балерина, студирала англиски јазик во Лондон и работела како дадилка во Бристол. Потоа станала модел и се вратила во Шпанија каде се вработила во продавница на Гучи. Судбината еден ден го однесе Роналдо во продавницата, а останатото е историја.

Во 2017 година парот ја доби ќерката Алан Мартин, која е првото биолошко дете на фудбалерот, додека другите три деца му се родени од сурогат мајки.

Моментално чекаат близнаци, а веста за бременоста воодушеви милиони фанови на фудбалери.


„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Срцата ни се полни со љубов, едвај чекаме да ве запознаеме", напишаа покрај фотографијата на која позираат во кревет со фотографии од ултразвук, фотка која и двајцата ја споделија на нивните профили на Инстаграм.


Фото: Инстаграм - Георгина Родригез