Држава одлучи да гради нов главен град
„Добредојдовте во врвна заедница“, вели еден билборд, ветувајќи нов град и нов начин на живот.
Алтернативниот главен град на Египет, кој сѐ уште нема име, ќе се протега на 700 квадратни километри, со што би бил голем колку Сингапур и ќе биде дом на најмногу пет милиони луѓе. Планот предвидува станбени висококатници и владина област, сместени околу таканаречена зелена река, комбинација на отворени води и зеленило, со двојно поголема површина од Сентрал Парк во Њујорк.
Проектот треба да ги реши сите проблеми на Каиро и да изгради блескава иднина. Повеќето државни институции треба да се преселат таму до јуни 2019 година, а истото им се советува и на странските амбасади и на големите бизниси.
Според првичните проценки, новиот град би чинел 30 милијарди фунти.
Каиро е најбрзо растечкиот град на светот и само лани добил половина милион нови жители.
фото Ројтерс