Душа: Шеташе низ градот дотерана и насмеана- Љубинка живееше во контејнер, а сега ѝ се остварија сите соништа (ВИДЕО)

Уште една добра вест за бабата Љубинка Анѓеловиќ чија судбина го растажи регионот на крајот на минатата година.

Откако благодарение на добрите луѓе почна да живее во нова, почиста средина, со струја, но на истото место каде што се роди и го помина животот, како што сакаше да биде и самата, сега и се остварија неостварените соништа.

Баба Љубинка се прошета низ градот со хуманитарката Тамара Мисирлиќ. Тие се фотографирани во трговски центар, каде како двете пријателки избрале чевли и гардероба, а потоа посетиле фризер и козметичар. Се сеќавате ли на баба Љубинка која живееше во контејнер со диви свињи и на која неодамна и обезбедивме нов дом? Денеска исполнивме се што ветивме кога се всели, првпат го виде градот, купи нова облека, првпат отиде на фризер, во ресторан... За среќа ни треба малку - напиша Тамара во опис на видеото кое се најде на мрежите.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Misirlic (@fondacija_tamara_misirlic)


Така баба Љубинка отишла до ресторанот дотерана и со насмевка на лицето, пренесува Курир.

Пред тоа, есента минатата година, ја видовме во солзи. Таа рече дека живее сама во своето село Козји Дол кај Трговиште, дека друштво и прават дивите свињи кои ги храни и дека понекогаш останува без нив. Како? Ловџиите, вели, ги убиле.

Го покажала и контејнерот во кој живее - стар и валкан - а како што рекла, во него нашла дури и стаорци.

Извор: Курир рс

Фото: Принтскрин