Душица Мрѓа: Кога ме лажат реагирам жестоко - тоа го почувствувале и политичарите

Добивај вести на Viber

Таа е посебна. И по начинот на уредување и презентерање на вестите и по разговорот со соговорниците во дебатните емисии на ТВ 24.

Нејзината насмевка е одраз на искреноста, а професионалноста е еквивалент на храброста. Ги впрегнува сите атоми на енергија за да даде минимален придонес да се исправи неправдата.

Утрото на Душица Мрѓа за повеќето луѓе што ги познава е сериозно претпладне. Вели дека е „спанка“, и тоа голема. 


-Едноставно утрата не се мојот омилен дел од денот. И интересно е што некако веќе тоа стана добро познат факт и за колегите и за политичарите, кои поради мојата работа се неизоставен дел од моето секојдневие. Сопругот, семејството и моите најблиски луѓе тоа го знаат одамна. Првото утринско кафе го пијам сама со себе, во тишина. Тоа ми е посебен ритуал, кој знае и да потрае. Пијам јако, црно кафе, без шеќер, кое ќе ме разбуди, ќе ми ги размрда мозочните ќелии и ќе ме подготви за денот кој ми претстои. Првото утринско кафе освен што ми е енергетик ми е „мое време" за да си го подготвам денот, да ги прелистам обврските во глава, да ги разгледам утринските вести кои се случиле додека сум спиела – открива Душица, за која нејзиниот внук Нејтан ѝ е најголема љубов. И нема нешто што не би направила за него.


- Сестра ми, втората половина од моето цело, родителите кои целиот свој живот ни го посветија нам и last, but not least мојот сопруг. Кој доаѓа од „нормалниот" свет, кој не е јавна личност , нема допир со мојот начин на живот, но за овие 10 години колку што сме заедно ми е огромна поддршка. Ме мотивираат моите луѓе. Не се многу, ама се единствени. Имам пријатели што ги знам цел живот и што ме знаат цел живот и никој од нив не може да биде поискрен со мене. Меѓу нив има и по некој што е од „фелата“, но не премногу. Ме мотивира неправдата, за да ги впрегнам сите, буквално сите мои атоми на енергија и да дадам макар минимален придонес да се исправи. Мразам лажење, можеби затоа што не лажам. Никогаш. Сите кои ме знаат, знаат, а богами и почувствувале колку знам да бидам брутално искрена. Затоа кога некој се обидува да ме лажемногу често моите гости на емисијатоа е мотив што ги активира сите мои способности за да ја извадам на површина вистината - посочува новинарката.


Секој ден и е различен. Тоа е убавината на нејзината професија. Најчесто успева да ги усогласи приватните и професионалните обврски, но и да се разбуди на време за да биде функционална за уредничкиот колегиум во 11часот, каде го пие вторто кафе во денот.


Од 12 часа во денот, 13 ќе ме видите со телефонот на уво или во рака. Природата на мојата работа е таква е што во тие 12 часа мора да има време и за кафе- брифинг, најчесто со политичари, средби со меѓународни претставници и секако Собрание, каде што сум повеќе од 20 години. Деновите кога сум уредник на вести се посебна приказна. „Денот" почнува од вечерта, координација со новинари, договори за теми, луѓе кои ќе бидат исконтактирани за приказните, редактура, а завршува по целоднвна трка со времето. Но, моментот кога ќе кажам „Добар ден, ова е централниот дневник на ТВ 24", заморот и стресот мора да премине во концентрација и професионалност. Подготовките за мојата „24 Анализа“ се посебна приказна, од кавги со гости кои не сакаат да дојдат, до читање милион документи и подготовка, до менување на план во поледен момент. Секако во мојот ден мора да има време за долгометражни разговори на релација Скопје - Лондон, кадешто живее мојата сестра со семејството, за сите училишни и „љубовни" поблеми на мојот 7 годишен внук, за моите родители. Се наоѓа време и за пијачка со пријателите, за „дебата" со мојата „Манда банда". И секако доцен ручек и заедничко време со сопругот, да си го раскажеме денот – вели Мрѓа.


Секоја вечер е различна, од зависност на плановите. Знае да „заглави" на добра „искачанка", на добра рок свирка, по која утредента не е свежа како порано.


- Знам да „заглавам“ на телефон до ниедно време, како тинејџерка. Знам да заглавам со добра серија, на добра театарска престава. И сето тоа е променливоОна што е фиксно за секоја моја вечер е дека како и што ми почнува утрото, така и ми завршува вечерта, сама со себе, на едно повеќе километарско пешачење. Со слушалките во уво се „дружам" со Скопје. Тоа е мојот издувен вентил, за цела негативна енергија собрана во текот на денот. И тоа знае да биде сериозно пешачење 2 - 3 часа. Така го наоѓам мојот мир - посочува новинарката и дополнува дека добра книга знае да ѝ го задржи вниманието повеќе од добар филм.


-Тешко може да ме воодушеви филм, ама затоа добра книга може да не испуштам од рака додека не ја прочитам. Ги сакам сите жанрови и буквално знам да се нурнам и во т.н тешка литература од типот на Толстој, Андриќ, Селимовиќ, Хемингвеј, Андоновски, Урошевиќ, до некоја т.н „лимонатка". Периодов сум „навлечена" на сериозни трилери–заклучува Мрѓа, која енергија добива од своите луѓе, од гушката на внукот Нејтан, смеењето кога сите се на куп кај нејзините родители.


Кафе покрај вода, не е важно дали е река, море или езеро. Викенд во Охрид, мојот омилен град на светот, бесцелно талкање низ Лондон, сладолед во Рим, „шмизлање" низ Белград. Да, обожавам да патувамДобра дружба. Недела во пижами со добра книга – вели новинарката на крајот од нашиот разговор.


Соња Алексоска Неделковска