Два месеци по породувањето: Симона Поповска ја врати витката линија и изгледа топ
Во август годинава пејачката и дерматолог Симона Поповска по втор пат стана мајка. Таа преку фотографии на својот профил на Инстаграм откри дека родила син.
Поповска вешто ја криеше бременоста од јавноста, и токму затоа следбениците и нејзините обожаватели беа изненади од информацијата дека пејачката родила второ чедо.
А само два месеци по породувањето таа ја врати својата фигура. Со стори на Инстаграм се пофали дека пее во емисија на национална телевизија, покажувајќи ја нејзината витка става.
Др. Симона Поповска е успешна како дерматолог, но исто така таа има и солидна музичка кариера. Но пејачката е и дама која внимава на својот изглед и е секогаш стокмена. Па за оваа прилика, облекла бел кошула фустан од сатен кој го надополнила со лаковани салонки на високи потпетици во беж боја.
Фото: Инстаграм - Симона Поповска
Можеби ќе ве интересира:
Јубилејни 30ти и забава со најблиските: Пејачката Симона Поповска блесна роденденски (ФОТО)