Двегодишно дете го спаси животот на мајка си „Не верував дека ова е можно, тој е мојот мал ХЕРОЈ“ (ВИДЕО)

Откако дваесет и седумгодишната Дејна Хенри ненадејно изгубила свест, лесно можела да заврши трагично. Меѓутоа, нејзиниот син Рајли се погрижил мајка му да остане со него уште многу години.

Додека била сама со својот двегодишен син во семејната куќа во Лестершир, на Дени и се слошило по неколкучасовни болки во стомакот, по што се онесвестила. Наместо да плаче и да се исплаши, што би им се случило на повеќето негови врсници, малиот Рајли Ворд притрчал до телефонот, повикал брза помош и ја известил службата што се случило, по што и била укажана помош и спасен живот.

Свртел 999 и го повторил зборот „здраво“, по што објаснил дека мајка му паднала на подот. Службата за брза помош успеала да стигне на адресата од која пристигнал повикот бидејќи Рајли не го знаел името на неговата улица и Дејна била згрижена многу брзо. Последователните наоди покажаа дека нејзината состојба тој ден е предизвикана од згрутчување на крвта и крварење во пределот на јајниците.

- Многу сум горда на Рајли! Тој е малиот херој на мајка - изјавила Дани која сега се чувствува многу подобро. 

- Моите пријатели кои имаат толку мали деца се ентузијасти и ги учат своите деца да се однесуваат на таков начин ако некогаш се појави потреба. -

Гордата мајка на малиот херој откри како во нејзините очи изгледале настаните кои се случиле тој ден.

- Се сеќавам само дека собата стануваше се помала и помала, а потоа ги отворив очите и слушнав како полицијата тропа на мојата врата. Рајли седна на својата кутија за играчки и ги гледаше сините ротирачки светла низ прозорецот. Успеав да станам и да поминам низ вратата, а потоа повторно се онесвестив. -

Сопругот на Дејна, Роб Вард објасни дека тој и Дејна им покажале на Рајли и на неговата петгодишна сестра Кејтлин како да постапат ако мама и тато не можат да се разбудат еден ден. Сепак, Дејна истакнува дека не верувала дека Рајли освен што ќе го запамети бројот за итни случаи, ќе може да реагира навремено и смирено.

Фото: Принтскрин

Извор: Објектив рс