Двете сопруги на Брус Вилис и сите деца на заедничка празнична фотографија: Семејството сега му значи најмногу

Добивај вести на Viber

Заедничкото семејство сега му значи најмногу на Брус Вилис

Деми Мур и Ема Хеминг Вилис, поранешната и сегашна сопруга на актерот Бурс Вилис, одлично се согласуваат, толку многу што празниците ги поминуваат заедно.

Пола година се криеше од јавноста поради страшната дијагноза: Брус Вилис со најновите фотографии докажа дека е јак како карпа


Брус Вилис е татко на пет ќерки - Талула, Скаут и Румер кои ги има со поранешната сопруга Деми Мур, а Евелин и Мејбел со сопругата Ема Хеминг Вилис.

Семејната фотографија овој пат ја сподели Деми. Таа стои веднаш до Ема и го гушка Брус до нивните ќерки.


- Ние сме семејство!! Влегуваме во празничниот дух - напиша актерот.

Веднаш под фотографијата може да се види и коментар од сегашната сопруга на Бурс, Ема. Таа сподели дека поминале одлична заедничка ноќ.

За еден актер, заедничкото семејство значи многу. На почетокот на годината веста за неговата здравствена состојба ја споделија неговите блиски. Нему му била дијагностицирана афазија, пореметување кое влијае на способноста на една личност да зборува и разбира јазик. Болеста доведе и до тоа актерот да стави крај на актерството по повеќедецениска кариера.


Foto: Profimedia

Семејството на Брус Вилис е очајно: „Не разбира што му кажуваме, се молиме за чудо“