„Зошто сум јас овде?!“ Потресни детали за состојбата на Брус Вилис и тажен крај на една блескава кариера

Добивај вести на Viber

фото:profimedia

-Тажно беше да се гледа на сет, сведочат поранешните соработници на актерот Брус Вилис, бидејќи како што велат „тој бил само марионета“.

Само неколку дена пред да започне снимањето на последниот акционен филм на Брус Вилис (67), режисерот испратил итно барање - да му ја „скратат“ улогата.

– Се чини дека делот на Брус треба да го скратиме на пет страници – напишал во една порака Мајк Брнс, режисерот на филмот „Out of Death“ од 2021 година.

Тој тогаш не ги навел причините зошто репликите што ќе ги каже Брус Вилис мора да бидат „кратки и слатки“, како што е наведено, а денес ја знаеме причината - холивудската легенда боледува од афазија, која влијае на неговите когнитивни способности - нарушување што предизвикува оштетување на областа на мозокот што го контролира изразувањето и разбирањето на јазикот. Може да се развие поради мозочен удар, повреда на главата, тумор на мозокот, деменција, инфекција... Често се јавува како последица на мозочен удар, а подеднакво ги погодува и мажите и жените. Повеќето луѓе го добиваат во средината или доцните години, а постојат неколку видови на афазија.

Според официјалното соопштение објавено од неговото семејство, Вилис се повлекува од актерството и ја завршува кариерата поради неговата состојба.

- Ова е предизвик за него и за целото семејство. Благодарни сме за вашата поддршка и љубов. Продолжуваме заедно како семејство – се истакнува во соопштението потпишано од сите негови најблиски.


Сепак, она што е помалку познато е дека Брус снимил повеќе од 20 филмови во изминатите три до четири години! Како е можно? - Со многу, многу мака.

Колегите кои во последно време соработуваат со Брус, еден по еден, најавуваат и сведочат дека било јасно дека нешто не е во ред. Затоа не е ни чудо што се шпекулираше дека Вилис боледува од деменција. 

Џеси В. Џонсон, кој работеше со Брус на филмот „Белиот слон“, истакнува дека било очигледно дека не се работи за човекот што го познавал со години.

- Знам зошто си ти тука и знам зошто си ти тука, но зошто сум јас овде? - прашал Брус двајца членови на тимот на сетот.

Во една прилика, членовите на тимот на Вилис, на прашањето од режисерот што не е во ред, истакнале дека Брус е „среќен што е тука, но најдобро би било да го завршите снимањето до ручек и да го пуштите да си оди.“ Поради сето ова, одбил два филма со легендарниот актер.

- Сите ние сме обожаватели на Брус Вилис, но овој ангажман беше погрешен и на крајот ова е тажен крај на една неверојатна кариера, никој од нас не се чувствуваше пријатно- изјави Џонсон.

Еден член на филмската екипа истакна дека сите се труделе да не остават лош впечаток на Вилис.

„Работата беше како да се направи Брус да не изгледа лошо“, рече тој.
- Некој ќе му ја кажеше неговата реплика, а тој не знаеше што значи тоа. Тој беше само марионета.

Како што истакна продукцискиот надзорник на оваа продукција, Тери Мартин, актерот се обидувал, но едноставно делувал премногу збунето.

- Изгледаше толку изгубено и повторуваше: „Ќе дадам се од себе“. Секогаш даваше се од себе. Тој е еден од великаните на филмот, имам голема почит за неговата работа. Но, време беше да се повлечеме – истакна тој.

За цело време додека работел, Брус имал помош од неговиот тим, предводен од извесен Идс, кој е со актерот од 1990-тите.

- Тој лик го водеше Брус насекаде. Секогаш го возеше наоколу и внимаваше на него - изјавил еден од членовите на филмската екипа Hard Kill.

Пред една година американската јавност се посомнева дека Брус Вилис боледува од деменција, бидејќи тој најчесто поминувал време со семејството и одбивал голем број филмски улоги. 

Првите индиции дека нешто не е во ред ги забележале неговата поранешна сопруга Деми Мур и неговата втора сопруга Ема Хеминг.

- Сегашната сопруга Ема и неговата поранешна, Деми Мур, заедно со нивните деца, се здружија да му помогнат на Брус.

Тогаш беше откриено дека актерот го продал имотот што го имал во Њујорк за да биде почесто во Лос Анџелес со своите најблиски, а познато е дека Брус и Деми заедно беа во карантин на почетокот на пандемијата, во друштво на неговата нова сопруга и сите нивни деца.

извор:GLOSSY

Од стресен начин на живот до мозочни удари и афазија: Интервју со кл.логопед специјалист В. Сиљаноска