Здравје // Совети
Двоцифрен број на новозаразени од КОВИД-19: За жал починаа 3 лица, а регистрирани се 90 оздравени
Министерот за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 14, Куманово 8, Штип 13, Струга 1, Кавадарци 3, Гостивар 22, Кочани 1, Берово 3, Виница 4, Свети Николе 3, Кичево 2.
Починати се 3 лица, пациент од Битола, пациент од Демир Хисар и пациент од Скопје.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од:
-Скопје 23, Куманово 1, Дебар 1, Штип 11, Тетово 17, Велес 1, Охрид 1, Кавадарци 3. Гостивар 9, Радовиш 5, Кочани 1, Свети Николе 17.
Досега во земјата се направени вкупно 106.047 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656.