Двојка посвоила четири деца, а потоа сопругата останала бремена: Кога го виделе ултразвукот, лекарите се шокирале

Чудни се Божјите патишта, а ова семејство го докажува тоа!

Максин Јонг (30) и нејзиниот сопруг Џејкоб Јонг (32) се венчале пред само 5 години, во 2016 година и веднаш изразиле желба за големо семејство.

Максин имала голема желба да посвои деца од сиропиталиште. Ја потполниле документацијата и брзо пронашле две деца на кои им станале старатели. Набрзо ги повикале од социјалната служба да ги прашаа дали сакаат да примаат уште едно дете од истото семејство, на што Максин веднаш се сложиле, без да се консулира со нејзинио сопруг. Сфаила дека три деца се многу, но како можела да ги раздели браќата и сестрите?

Но, приказната не се завршува тука, бидејќи кога заминала во социјалната служба сфатила дека децата имаат уште една сестра - вкупно биле четири деца. Максин направила сѐ што е во нејзина моќ за и тоа четврто дете да дојде во семејство - што набрзо се остварило.

По две години обидување, скоро во исто време кога посвоените деца влегле во нивниот дом, Максин забременила. По една година, децата и законски биле нивни, плус имале и новороденче. Но, тука не е крајот на убавите вести. Двојката Јонг сфатила дека Максин е повторно во блажена состојба.

Но, тоа не била обична бременост - докторите биле шокирани кога сфатиле дека Максин носи четворка.

Двојката била во неверување: веќе имале пет деца за кои се грижеле, а сега требало да добијат уште четири.

Докторите биле скептични: дали Максин ќе успее да ја изнесе бременоста, дали бебињата ќе бидат здрави, но на крајот сепак оваа мајка родила здрави бебиња.

View this post on Instagram

A post shared by Maxine (@maxinelee_y)

„Имаме девет деца помлади од 8 години. Звучи лудо и кога ќе кажам дека имаме 8 деца помали од 5 години! Џејкоб и јас се смееме кога ќе се сетиме дека ќе имаме дете во секое одделение од основно и средно училиште!“

Максин вели дека нивната куќа се претворила во апсолутен хаос, но дека во неа и понатаму е убаво, бидејќи е исполнета со љубов.

View this post on Instagram

A post shared by Maxine (@maxinelee_y)


фото: Printscreen/Instagram/maxinelee_y