Џабе ти е голема платата, ако на крај си дојдеш дома во празен стан!

Марина Раодш е млада писателка од Мостар, која пред две години напиша статус за љубовта и очекувањата кои го допреа целиот регион. Повеќе од 15 000 лајкови собра текстот кој го опишува денешното време и се она кон што тежнемее, а поради што многу нешта пропуштаме.


 „Што ако ве излажале дека од љубов не се живее? Мене мајка ми еднаш ми рече дека од љубов се живее, а од пари се преживува. Јас нејзе и верувам. Затоа што никаде толку љубов не сум видела како во станови од 30 квадрати и болнички кревети. Што ако ве излажаа дека престанува со време, дека ќе и се „смееш“ еден ден и ќе ја заборавиш? Ниедна наша млада рака не ја држи силно онаа другата како што се држат две стари. Што ако ве излажаа дека би требало да си најдете рамен на себе? Мене не успеаја да ме излажат за такво нешто, бидејќи никогаш не сум видела толку пркос и борба, како во љубовите кои соседите и стрините ги осудуваа од прозори. Како тие да се мерило на вашите животи. Што ако ве излажаа дека љубовта мора да ја носи вашата нација и вера? Во медиумите и приказните пропаднаа, а јас на свои очи ги видов оние најголемите љубови, најубави деца, најмногу откажувања и жртви баш кај таквите. И да, тие се реќни. Далеку од сите кои поради нивната љубов се откажаа. И на оние кои нивната мешана љубов им пропадна, токму како што би пропаднала да не била мешана. Што ако ве излажаа дека морате до 25-тите? До 35-тите? До 40-тите, бидејќи е крајно време? Мене не успеаа, бидејќи никој така вистински и реално не ми зборувал за љубовта како она која својата ја пронашла и на 50. И сега му трча во прегратка како девојче од 15 години. Што ако цело време ве лажат? Што ако цело време се обидуваат да ве уверат дека љубовта е она што тие некогаш го имале, и сега повеќе го немаат, бидејќи престане „кога сиромавиот влезе на врата“, „кога дојдат децата“, „кога треба да се врати кредит“, „кога го изобличи болест“, „Кога веќе не може да спие со тебе три пати дневно“.
Немојте да ми верувате ниту мене. Верувајте си само себе. Држете ја својата љубов цврсто, со раце, нозе, нокти. Бидејќи таа нема да престане, туку ќе се засили, токму кога ќе дојдат децата. Баш исто како кога сиромав ќе влезе низ врата. Токму кога ќе треба да се врати кредитот. Тогаш кога тој ќе биде болен. Тогаш кога нема да може да спие со тебе три пати дневно. И можеби не сте сите направени во љубов, но правите нови деца во љубовта. Или немојте да ги правите. На некои љубови тие не им се потребни. Само немојте да дозволите да ве лажат. Други ни се мешаат во плати, школување, бизнис, работа, здравје, облекување, исхрана, влијаат на половина од нашиот живот, бидејќи светот е таков. Но својата љубов никому не му ја давајте. Бидејќи тоа е најмногу што ќе постигнете заедно во животот. 

Бадијала ти е плата од неколку десетици илјади ако на крај на денот влезеш во празен стан со кеси од најнова облека која нема кој да ја скние. И сите пари на овој свет ти се „џабе“ ако немаш со кој да ги потрошиш. Бидејќи, од љубовта се живее. Од парите се преживува, и со парите се изживува“.