Џенифер Лопез има нова фризура за ова лето: Трендсетерките ја обожаваат, а и вие ќе ја посакате

Добивај вести на Viber

Одговара на која било форма на лице.

Џенифер Лопез реши да ја смени фризурата, а како изгледа сега латино дивата покажа нејзиниот фризер Крис Аплтон на Инстаграм.

Минатата недела објави фотографија од Џеј Ло со шишки. Ова се таканаречените „завеси-шишки“, идеални за сите дами кои размислуваат да ги пуштат, но не се доволно храбри да ги исечат на класичен начин.

Овие шишки се пристојни, а фризерот за списанието „Гламур“ вели дека фризурата е идеална за овални лица, но добро оди и со кружниот облик на лицето, како и со издолжените, бидејќи шишките се стилизираат настрана.

View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)


„Лесно е да се одржуваат, но под услов косата да не е многу виткана и брановидна“, велат фризерите и додаваат дека е доволно лесно да се исуши косата со фен за коса. После тоа, стилизирајте со голема четка, така што косата ќе биде совршено исправена.

Ако мислите дека оваа фризура ќе излезе од мода кога ќе се потстрижите, не грижете се затоа што фризерите со „завеса-шишки“ предвидуваат голема популарност во текот на целата година. Нивната предност е што тие се многу разноврсни, па ако ви здосади да ги носите со раздвојување на средина, секогаш можете да ги ставите „настрана“.

Овие долги „шишки - завеси“ се многу лесни за стилизирање токму поради должината што фино го врамува лицето.