Животна училница // Приказни
Џенифер Лопез проговори дека добила критики за вишокот килограми
- 17 Мај, 2018
Латино американската ѕвезда, Џенифер Лопез никогаш не ги криела своите облини и секогаш гордо ги покажувала и истакнувала, а во интервју за списанието „InStyle“, таа признава дека некои од нејзините соработници не го одобрувале тоа.
„Моите облини никогаш не ми пречеа, но добив многу критики од луѓето од забавната индустрија и шоу бизнисот. Тие рекоа: „Треба да изгубите неколку килограми”. На тие критики и замерки, јас едноставно им одговорив:„Ова сум јас и ова е обликот на моето тело“. Сите жени со кои јас пораснав изгледаа баш вака, а за мене сите тие беа убави“.
Лопез охрабри мнгу девојки со нејзиниот став. Таа им го поткрена нивното его и со ова ги натера да разберат дека секој треба да се чувствува убаво во сопствената кожа.