Џеси Џеј проговори по загубата на бебето: Дозволено е да бидеш кревок и да плачеш

Добивај вести на Viber

Пејачката Џеси Џеј се појави на Инстаграм за прв пат откако доживеа спонтан абортус кон крајот на ноември оваа година.

Ја објавив загубата на моето бебе само неколку часа откако дознав за тоа. Реагирав пред да се појави човечкото во мене. Сакав да бидам силна, но вистината е дека само требаше да плачам и да паднам во нечии прегратки и да липам. Но, тогаш бев сама. Немав поим низ што ќе поминам не само емотивно, туку и физички“, напиша таа.

Таа истакнува дека сега разбира зошто жените сакаат се поотворено да зборуваат за абортусот.

„Ова ме смени засекогаш. На тажен, но убав начин. Ова го става животот во перспектива како ништо друго. Многу ми е жал ако некогаш си поминала низ ова, сама или не, или поминуваш низ тоа во моментов. Губењето на бебе е едно од најлошите чувства на светот“, продолжи таа со својата емотивна објава.

„Дозволено ви е да бидете скршени. Дозволено е да плачете. Дозволено е да бидете слаби. Дозволено е да бидете исцрпени од болка, крварења и тага.  Дозволено е се што ви треба. Понекогаш едноставно животот сака да бидеме само луѓе. Ќе има сонце, но не можеме да го избегнеме дождот“, заклучи таа.

View this post on Instagram

A post shared by Jessie J (@jessiej)


Џеси Џеј не кажа колку точно била бремена, но откри дека на третиот ултразвук дознала дека чукањето на срцето на бебето повеќе не се слуша. Објавата на која таа прави тест за бременост и објавува тажна вест потоа беше избришана.

„Забременувањето беше чудо само по себе и искуство кое никогаш нема да го заборавам и знам дека ќе го доживеам повторно“, напиша пејачката тогаш.


Фото: Инстаграм/Џеси Џеј