Џијан Емин настапува во Франција со Националниот оркестар де Лорен и Дерик Меј

Добивај вести на Viber

Македонскиот музички уметник Џијан Емин, на 24 март ќе настапи во Мец, Франција, како диригент на Националниот оркестар де Лорен, заедно со легендарниот диџеј и еден од пионерите на детроитската техно-сцена, Дерик Меј. На концертот ќе гостува атрактивниот композитор и пијанист од Луксембург, Франческо Тристано.

Проектот е најавен како еден од најинтересните во последно време во францускиот град, кој ќе се обиде да ги замагли границите помеѓу двата универзуми - електронската и класичната музика, а кои се чини се спротиставени.

Првата концертна соработка на Џијан Емин и Дерик Меј се случи во Охрид во Античкиот театар во 2014 година, и од тогаш двајцата уметници, со различни оркестри, го прошетаа светот, настапувајќи во Европа, САД и Австралија.