Џони Деп го доби милион од Амбер Херд: Сите пари ги дава за хуманитарни цели

Добивај вести на Viber

Актерката Амбер Херд му платила на поранешниот сопруг Џони Деп еден милион долари како спогодба што ја постигнале по минатогодишната пресуда во негова корист, а Деп сега објави дека има намера целата сума да ја даде во добротворни цели.

Откако поротата ја прогласи Херд за виновна за клевета за колумната на „Вашингтон пост“ во која таа тврдеше дека била жртва на семејно насилство за време на нејзиниот брак со Деп, на актерката и беше наложено да плати отштета од над десет милиони долари. Меѓутоа, адвокатите на поранешните сопружници склучиле договор според кој осигурителната компанија која ја застапува Херд ќе му исплати на Деп само 1 милион долари отштета, по што случајот конечно бее затворен.

Холивуд репортер дозна дека актерот одлучил да уплати по 200.000 долари од таа сума на сметка на пет различни организации.

За потсетување, Херд и Деп се разведоа во 2016 година, а откако актерката изнесе тврдења дека нејзиниот поранешен сопруг ја претепал, Деп во Холивуд и изгуби бројни актерски ангажмани. Тој помина многу време во судовите на двете страни на Атлантикот во последните шест години обидувајќи се да ја докаже својата невиност.

Судот во Лондон пресуди во корист на Херд, но поротата во Вирџинија застана на страната на Деп. Актерката се жалела на пресудата и станало речиси сигурно дека е подготвена да започне уште еден судски спор, пред нејзините и адвокатите на Деп да успеат да постигнат договор.

Фото:EPA-EFE