Џорџина Родригез му забранила на Кристијано Роналдо да менува сијалици по дома, а еве и зошто

Родригез се обидува да им го олесни животот на Роналдо и неговото семејство, па му дозволува да ги избегнува домашните работи за да може да ги одмори нозете по напорниот ден на тренинг во базата на Јунајтед во Карингтон.

Суперѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е ослободен од обврската да ги менува сијалиците во семејниот дом со цел да се избегне ризикот од повреда, изјави партнерката Георгина Родригез. Заљубениот пар живее заедно во вила во Чешир со своите четири деца и наскоро ќе добијат близнаци.

Тие првпат се сретнаа додека Роналдо (37) играше за Реал Мадрид, непосредно пред да го склучи трансферот од 99 милиони фунти со Јувентус во 2018 година. Родригез (28) го придружуваше португалскиот капитен во Италија и повторно се пресели минатото лето откако Кристијано се врати на Олд Трафорд во сензационален трансфер од 20 милиони фунти.

Родригез сака петкратниот освојувач на Златната топка да не претрпи непотребна повреда која би можела да му пречи на доцните фази од неговата блескава кариера, па затоа му забранува да менува сијалици дома.

„Менувањето на сијалицата во нашата куќа е невозможно бидејќи имаме толку високи тавани“, изјави таа за италијанскиот магазин „Спортвик“ минатиот март. 

„Да бевте на местото на Кристијано Роналдо, дали би ја смениле сијалицата на речиси 20 метри од земјата? Најдобро е тоа да не го прави тој.

Јас ќе се погрижам за останатото. Се погрижувам се да е во ред. Сакам да се грижам за мојот дом и моето семејство“.

View this post on Instagram

A post shared by çaklıtmag (@karamellicikolatm)



Родригез објасни и зошто никогаш не му дава контрола на Роналдо во кујната, додавајќи: „Тој не готви. По целото утро тренира, тој заслужува да најде чинија со љубов подготвена храна на масата. Имаме готвач, а и јас понекогаш готвам“.

Џорџина, која го роди своето прво дете со Роналдо во 2017 година, го поздрави својот партнер како нејзина „инспирација“ додека таа зборуваше за тоа како заедно се одржуваат во форма.

„Делиме теретана бидејќи имаме само една во куќата“, рече таа. 

„Научив многу од него. Тој ме учи и ме мотивира. На крајот, ти си одраз на она што го гледаш, а јас го гледам него. Веќе бев здрава и спортски настроена, но сега се чувствувам уште подобро благодарение на него. Тој на крајот на краиштата е Кристијано Роналдо. Тој е мојата инспирација“.