Џулија Робертс има 54 години, и изгледа совршено: Тајната на нејзиниот изглед е во силните тренинзи и салатата која ќе ја обожавате
Секогаш сакаме да учиме нешто од ѕвездите, без разлика дали се работи за супер комбинација на облека, тренд за убавина, совет за вежбање или исхрана. А во последно време се повеќе познати личности ги откриваат своите кулинарски вештини.
Една од многуте холивудски убавици кои оваа година решија со обожавателите да ја споделат тајната на својот совршен изглед е Џулија Робертс.
Имено, таа сподели рецепт за фитнес салата, која ја комбинира со вежбање со Кејти Келер, нејзиниот личен тренер.
А бидејќи Џулија има 54 години, а тело како на дваесетгодишна девојка, воопшто не сме изненадени што овој рецепт стана вистински хит.
За салата ви требаат:
- 1 конзерва наут (425 g)
- 1 низа бебе спанаќ
- 2-3 моркови
- 1 рака ореви
- 80 гр фета сирење
- пиперка
За прелив:
- 3 лажички оцет
- 1 кафена лажичка сенф
- 80 мл маслиново масло
- сол
- бибер
Подготовка:
Наутот ставете го во цедалка добро да се исцеди. Потоа добро исплакнете го под ладна вода додека исчезне целата пена.
Кога повторно ќе се исцеди, ставете го во сад за салата. Во помал сад измешајте ги оцетот, сенфот, солта и биберот за преливот.
Потоа полека измешајте го маслиновото масло додека сè не се соедини во прелив. На наутот додадете спанаќ и моркови, промешајте, па прелијте го со преливот. Измешајте ги фетата и оревите и зачинете ја салатата со сол и бибер.