Е, тоа е љубов! Дедо ѝ сече срца од кора од портокал на сопругата секоја вечер, а таа ги чува сите

Добивај вести на Viber

Позитив на денот

Во морето видеа на TikTok, наидовме на нешто што особено ни ги допре срцата. Корисникот по име bananaanna30 објави видео од неговите баба и дедо кои се во брак повеќе од 40 години.


- Секоја вечер дедо ми лупи портокали за баба ми, а од кората прави срца. Баба ми ги суши и ги чува во тегли кои го красат ѕидот. Во вториот стан имаат повеќе тегли кои ги чуваат – напишал корисникот во описот на видеото.

На видеото јасно се гледаат бројни тегли исполнети со срциња од кора, а со оглед на тоа што ги има и во вториот стан, сигурно ги има илјадници.

Овој прекрасен гест покажува колку љубов чувствува овој дедо кон својата баба, но и обратно. Ова е нешто што денес е вистинска реткост.


Фото и Видео: ТикТок