ЕБРД и Шпаркасе Банка АД Скопје со поддршка на мали бизниси во Северна Македонија

Добивај вести на Viber

Нова кредитна линија од 23 милиони евра за кредитирање на локалните мали и средни претпријатија и за зелени инвестиции:

·Нова кредитна линија од 23 милиони евра од ЕБРД за Шпаркасе банка АД Скопје во Северна Македонија

·Финансиски средства за кредитирање на мали, локални бизниси

·30 отсто од кредитната линија за финансирање на зелени инвестиции

Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) со поддршка на зелената економија во Северна Македонија со обезбедување заем од 23 милиони евра за Шпаркасе банка АД Скопје (ШБС) за кредитирање на локални микро, мали и средни претпријатија (ММСП).

Заемот ќе овозможи ШБС да го зголеми кредитирањето на ММСП со фокус на регионалните и руралните претпријатија. 30 проценти од кредитната линија ќе биде насочена за инвестиции кои ќе им помогнат на малите бизниси да ја подобрат енергетската ефикасност, или да произведуваат и да се префрлат на обновлива енергија. 

ММСП сочинуваат повеќе од 90 отсто од сите претпријатија во Северна Македонија и се клучни не само за раст на економијата на земјата, туку и за нејзината транзиција кон зелената економија. Затоа е клучно да им се обезбеди пристап до финансиски средства за остварување на оваа транзиција и раст.

Анди Аранитаси, Директор на ЕБРД во Северна Македонија, истакна: „Со задоволство изјавуваме дека заедно со нашиот долгогодишен партнер, Шпаркасе Банка АД Скопје, можеме да обезбедиме дополнителна поддршка на МСП за инвестирање во конкурентноста на нивните бизниси, како и мерки кои ќе ја подобрат нивната енергетска ефикасност и ќе го намалат нивото на јаглероден отпечаток. Зајакнувањето на секторот на МСП и инвестирањето во зелена економија се наши клучни приоритети во Северна Македонија и овие нови фондови ќе ни помогнат во постигнување на овие две цели.“

Санел Кустурица, Претседател на Управниот одбор на ШБС, истакна: „Денес, Шпаркасе Банка АД Скопје уште повеќе го зајакна долгогодишното партнерство со ЕБРД, потпишувајќи договор за долгорочно финансирање во износ од 23 милиони евра. Со оваа кредитна линија, ШБС ќе ја зајакне поддршката на микро, мали и средни претпријатија во финансирањето на одржливи проекти и инвестиции поврзани со обновлива енергија. Остануваме со силна поддршка на македонската економија и заедно со нашите клиенти, посветени сме на надминување и максимално намалување на негативните ефекти од енергетската криза“.

Шпаркасе Банка АД Скопје („ШБС“) е призната глобална комерцијална банка и четврта по големина банка во Северна Македонија, со 12 отсто пазарен удел во вкупната актива. ШБС е системски значајна банка во земјата, според критериумите на Народна Банка на Северна Македонија.

ЕБРД е еден од водечките институционални инвеститори во Северна Македонија. До денес, има инвестирано повеќе од 2,4 милијарди евра во 1.565 проекти во различни сектори на економијата.

ПР Објава