„Еден потег, многу придобивки“ – Visa бонус кампања на Шпаркасе Банка

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка АД Скопје во соработка со Visa ја лансираше бонус кампањата „Еден потег, многу придобивки“, која има за цел понуда на премиум услуга и додадена вредност за сите нови клиенти што ќе се одлучат да ја примат својата плата преку Банката. Кампањата ќе трае заклучно до 30.11.2022 година или до искористување на средствата предвидени за кампањата.

Секој нов примател на плата во Шпаркасе Банка добива бонус во висина од 2.000 денари на својата сметка и 6 месеци нема надоместок за користење S или S Плус пакет (пакет од мобилно/интернет банкарство со вклучена Visa дебитна картичка). Условите за учество во кампањата можат да се прочитаат на следниот ЛИНК .

Со префрлањето на платата во Шпаркасе Банка, на клиентот му е ставена на располагање широка палета кредитни и депозитни производи и платежни услуги со атрактивни услови на користење.

Имајќи го предвид фактот дека во ова постпандемиско време корисничките навики на клиентите се движат во насока на преферирање и сè почесто користење дигитални услуги, Шпаркасе Банка ги советува клиентите да одберат банка што континуирано инвестира во модернизација и во иновативни услуги, следејќи ги дигиталните трендови во банкарството.

Со Шпаркасе Банка, клиентите добиваат сигурен финансиски партнер што ги разбира нивните потреби и се стреми кон едукација на клиентите и ползување на дигиталните канали што се безбедни и лесни за користење за извршување на сите банкарски услуги.

Модернизацијата, зголемената дигитализација и подобрувањето на условите во понудата е трендот што клиентот ќе го почувствува не само при користењето на дигиталните канали, туку и кај процесот на кредитирање, депозитната понуда, електронското потпишување договори, онлајн воспоставување деловен однос со банката и многу други иновации во најава.

Бидете и вие визионери што го менуваат светот и искористете ја оваа уникатна понуда од Шпаркасе Банка!

Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

ПР објава