Моден фокус // Совршена си
Единствен излез од моменталната состојба е да излезеш од вртлогот на само сожалување
Не си го цениме времето кое го имаме, внесени сме во систем кој не го вреднува нашето време ниту пак ни нуди квалитет на живот. Заглавени во сообраќај два часа, не сме ни свесни колку губиме.
Нашето општество не ни нуди свесни решенија ниту пак огледала во кои може да се погледнеме каде сме. И не учи на мрзливост, измислија шоља која сама си го меша кафето. И кола која сама вози каде е моториката.
Единствен излез од моменталната состојба е да излезеш од вртлогот на само сожалување, оправдувања изговори и комплетна неволност за живот.
Најголемо обесхрабрување е кога ќе постигнеш успех, на просечен ум успехот носи стагнација, биди над просекот и после секој мал успех направи нов поголем.