Единствена фотка на Јована Јоксимовиќ во костим за капење: Никој не разбира зошто водителката го крие своето брутално тело
Јована Јоксимовиќ важи за една од најубавите и најзгодните дами
на српската естрада, а водителката само еднаш имавме можност да ја видиме во
костим за капење.
Имено, пред речиси 10 години, Жељко Јоксимовиќ го прифати предизвикот на својата колешка Емина Јаховиќ и за хуманитарни цели се поли со ледена вода, а неговата поубава половина му асистираше. Водителката Јована Јоксимовиќ со помош на пријателка го полеа нејзиниот сопруг.
Ова е и единствениот пат кога јавноста имаше можност да ја види Јована во бикини, кое одлично ѝ прилегаше.
Јована тогаш имаше 33 години, а нејзината извајана фигура, затегната кожа и облините на многумина им го одзеде здивот, а иако знаевме дека водителката е атрактивна, оваа слика само дополнително го потврди тоа.
Да потсетиме, Јована и Жељко се во брак од 2012 година кога се венчаа на Малдиви и важат за еден од најхармоничните парови на јавната српска сцена, а од заедничката љубов имаат три деца, синот Коста и близнаците Срна и Ана.
Фото: Фејсбук - printscreen/Инстаграм
Извор: курир.рс